Категории

Иновативна достава на пратки: Киимо е првиот македонски стартап кој ќе прибира инвестици преку Funderbeam

Позади секој успешен претприемач, стои добра идеја која успеал да ја реализира на вистински начин. Давид Павловски е млад претприемач од Скопје, сопственик на Киимо – првиот македонски стартап којшто ќе стартува crowdfunding кампања на Funderbeam од Р.Македонија.

Кога станува збор за идејата, тој вели дека најчесто сѐ почнува со неа, но многу поважна работа е егзекуцијата и екосистемот. За да стане претприемач пресудно за него било флексибилното работно време кое му дозволува да работи и функционира динамично.

Киимо е дигитален стартап кој што го решава проблемот на последната милја, во Македонија генерално го решаваат проблемот на претпоследната и последната милја преку мрежа на „пудо локери“ – ормани за достава на пакети не подалеку од 500 метри од секој дом, каде што луѓето ќе можат да ги остават своите онлајн пратки кога не се дома, а кои ќе бидат решавани со помош на веќе постоечките доставувачки компании.

Иновацијата на компанијата се состои во брза и сигурна достава на пакет со курир, по најприфатлива цена, со користење на најповолни и еколошки правци заедно со осигурување, поддршка на клиенти 24/7, високо ниво на приватност и флексибилни начини за плаќање. Решението е финансирано од страна на ФИТР под повикот за „Технолошки развој за забрзан економски раст“.
Заради безбедност на пратките, тие се осигурани од локална осигурителна компанија. Доколку настане некаква штета за време на доставата или пратката се изгуби, штетата ке биде соодветно надоместена.
Водечкиот инвеститор во стартап компанијата Киимо, за потребите на нејзината престојна кампања на Funderbeam е компанијата Eurovia. Во иднина, очекуваат кампањата да биде поддржана од многу повеќе мали инвеститори кои што би сакале да бидат дел од компанија фокусирана на регионален па и глобален успех.
Успешната кампања ќе го акцелерира поставувањето на инфраструктура во најмалку три градови во ЈИЕ како и тестирање на супер напредно софтверско решение во неколку вертикали со неколку светски партнери. Истовремено ќе претставува прво решение кое што е во координација со green deal на ЕУ, и целосна декарбонизација на доставата на пакети во урбани средини.
Прегледи:
481
Објавено на:
25.11.2021