Многу луѓе уживаат да го гледаат заоѓањето на сонцето. А кога ќе размислиме подобро, сфаќаме дека има и зошто да уживаат.
Гледањето на палетата од прекрасни шарени бои не маѓепува и не остава без зборови. Тој момент е еден од најубавите моменти даден од мајката природа, за кој говорат и следниве цитати:
„Токму зајдисонцата беа тие што ме научија дека убавината понекогаш трае само неколку моменти, а изгрејсонцата беа оние што ми покажаа дека трпението е сè што е потребно за одново да се доживее искуството.“ – А. Џ. Лолес
„Скоро невозможно е да се гледа зајдисонце и да не се сонува.“ – Берн Вилијамс
„Небото се менува од портокалово до стотици нијанси на розово и потоа станува темно сино, а јас сум тука и сè уште те сакам.“ – А. У.
„Ги обожавам луѓето што се возбудуваат за промената на сезоните, за звукот на океанот, за набљудување на зајдисонцето, за миризбата на дождот и за ѕвездените ноќи.“ – Брук Хамптон
„Ценете ги малите моменти на среќа, бидејќи тие се најважни.“ – Непознат автор
„Зајдисонцата се доказ дека и завршетоците често можат да бидат прекрасни.“ – Во Таплин
„Тоа беше нејзината магија – таа сè уште гледаше зајдисонца, дури и за време на најтемните денови.“ – Атикус
„Кога ќе застанеш и ќе погледнеш околу себе, животот станува навистина неверојатен.“ – Д-р Сус
„Почекај ме онаму каде што небото го допира морето.“ – Џенифер Донели
„Целиот живот сум заљубена во небото. Дури и кога сè околу мене се распаѓа, небото секогаш е тука за мене.“ – Јоко Оно
„Никогаш не сум сретнал зајдисонце што не ми се допаднало.“ – Непознат автор
„Ништо не може да ја намали светлината што сјае однатре.“ – Маја Анџелоу
„Нејзиното срце беше составено од течни зајдисонца.“ – Вирџинија Вулф
„Единствените зајдисонца што не ги сакам се оние што ги пропуштам.“ – Непознат автор
„Бркајте го зајдисонцето.“ – Непознат автор
„Никогаш не заборавајте дека за прекрасни зајдисонца се потребни облачни неба.“ – Пауло Коелјо
„Секое зајдисонце го носи ветувањето за нова зора.“ – Ралф Валдо Емерсон
„Кога некој ќе ме праша која ми е омилената боја, секогаш велам: ‘Зајдисонце’.“ – Непознат автор
„Таа беше заљубена во зајдисонцето. Никој друг немаше шанса кај неа.“ – Непознат автор
„Сè што отсекогаш сакав е да сонувам за уште едно зајдисонце со тебе.“ – извадок од песната „Jamie All Over“, од Mayday Parade