Категории

#instainspiracija: Шарен есенски маникир

Секоја сезона со себе носи одредени трендови кога станува збор за модата, но и за убавината, а оваа сезона кога станува збор за маникирот – шарените, асиметрични и разнобојни нокти претставуваат водечки есенски тренд.

Пастелните, но и живописните бои и разнобојните маникири се она што оваа есен ја прави секоја облека посебна и впечатлива. И иако малку пониските температури не наведуваат да се свртиме кон потемни бои на  лакови, сепак оваа сезона ќе се задржиме на пастелните бои.

Кога станува збор за шарен маникир можете целосно да го прилагодите на вашиот стил и така на своите нокти да им дадете личен печат во кој што ќе уживате од ден на ден.

 

Не само боите се апсолутен тренд, туку можете да изберете и неправилни, асиметрични форми и линии, кои дефинитивно ќе бидат впечатлив детал на вашите нокти.

Оваа есен е многу популарен и францускиот маникир, па внесете малку шаренило и на овој класичен изглед на ноктите!

Прегледи:
656
Објавено на:
20.10.2019