Категории

Инстант решение: Лакот на ноктите побрзо се суши со ладен воздух и ледена вода

Ако сакате лакот на ноктите побрзо да се исуши ставете го лакот во фрижидер, 15-20 минути, пред да го нанесете.

Ладиниот воздух му помага на лакот лесно и брзо да се исуши, затоа не треба да го сушите со топол воздух. Ако користите фен, наместете го на ладен воздух. Уште еден метод кој можете да го користите е ладна вода. Доколку правилно ја користите оваа техника, лакот нема да се размачка.

Наполнете ја чашата со ладна вода и додадете неколку коцки мраз за дополнително да ја намалите температурата на водата. Ставете ги прстите во водата, држете ги таму неколку минути и лакот побрзо ќе се исуши. Откако ќе ја нанесете базата, проѕирниот лак, односно подлогата за ноктите, почекајте неколку минути истата да се исуши пред да го нанесете лакот во боја на ноктите. Подлогата треба да биде целосно сува, бидејќи лакот ќе се исуши поспоро.

Една од најголемите грешки е протресување на шишенцето со лакот. На тој начин воздухот останува заробен во шишенцето, што создава мали воздушни меурчиња. Лакот треба да се протресува пред употребата само доколку е долго време некористен.

Прегледи:
504
Објавено на:
23.12.2018