Ова е кучето Чоу од расата „чау-чау“ кое повеќе потсетува на лав отколку на куче.
Ова куче е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи каде секојдневно привлекува се повеќе следачи.
„Сака да си игра со другите кучиња и обожава деца. Сега кога е постар, тој е доста трпелив, совршен е, како и првиот ден кога го добивме“, вели неговата сопственичка Сара.
За време на карантинот, семејството се пресели на езерото Тахо, а Чиф е заљубен во природата и ужива во неа.
„Особено сака трчање и скокање, како и разладување во студена вода што обично поттикнува смеа кај минувачите“, вели Сара.
Чау-чау е една од најпознатите и можеби најстари раси на кучиња во светот. Тие биле дел од кинеските племиња, но со текот на вековите ги дресирале да бидат чувари и ловци.