Категории

#ИнстаСреќа: #Turban е новиот бренд за дизајнирана облека кој ги освојува жените

Дизајнирана облека која е не ограничува возрасти, наменета за лудо храбрите, за бунтовничките, за жените кои не следат правила и кои на работите гледаат поинаку. Прекрасни парчиња кои може да ги искомбинирате за најразлични пригоди, голем избор на модели каде што секоја жена може да најде нешто за себе. Во ова издание на #ИнстаСреќа разговараме со Ксенија Божинова, сопственичката на Instashop – „Турбан“.

1. Од каде идејата за создавање на бренд за дизајнирана облека и што означува “Турбан”?

– Во оваа уметност сум целиот свој живот, со истата оваа дејност се занимава и мојата мајка, баба, прабаба и.т.н. Практично сум израсната со моден дизајн и изработка, па не е ни чудно што истата пасија ја делам и јас, како и моето семејство. Идеата за создавање сопствен бренд постои многу одамна, но ете сега веројатно дојде моето време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turban.mk (@turban.mk) on


Турбан е бренд осврнат кон урбаната култура, па од таму и називот. Сакајќи да избегам од клишето, се наметна овој назив кој всушност е Т-урбан, за оние кои не се запознаени.

2. Колку време посветуваш за изборот на материјали, дали сама ги дизајнираш парчињата или пак стои цел тим позади Турбан?

– Изборот и квалитетот на материјали ми е една од клучните точки при создавање, па се посветувам многу на тоа-и не работам нешто додека не сум сигурна дека сум направила најдобар избор. Позади секој дизајн и изработка стојам јас. За соработници имам вистински професионалци на кои сум горда и кои си ги пазам и чувам.

 

View this post on Instagram

 

Фустан 3150 денари S/M/L/XL 📸 @stoilkovski.bojan 👠 @viktorchevignon #турбан #stayurban #skopje #turban

A post shared by Turban.mk (@turban.mk) on


3. Дали сметаш дека девојките и жените кај нас посветуваат внимание на својот изглед и за кои возрасти е наменета облеката од Турбан?

– Апсолутно да. Сметам дека сме нација со убави, негувани и дотерани жени.

Дизајните на Турбан апсолутно не ограничуваат возрасти, наменети се за лудо храбрите, за бунтовничките, за жените кои не следат правила и кои на работите гледаат поинаку. За генији од жени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turban.mk (@turban.mk) on


4. Среќата е една од најубавите емоции, двигател и предуслов за исполнет живот. Што те прави тебе среќна?

– Задоволни лица. Ме радува кога гледам насмевки и задоволни лица на моите најблиски, на пријателите, на клиентите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turban.mk (@turban.mk) on


5. Иако станува збор за релативно нов бренд, Турбан за краток период привлече големо внимание поради уникатните и софистицирани парчиња облека кои ги нуди. Што може да очекуваме во иднина од Турбан?

– На креативноста, идеите и визиите им нема крај. Ветуваме многу многу новитети, реализација на новите идеи, сублимираме сугестии, се гордееме со комплименти и даваме се од себе да бидеме се подобри и подобри. Следете не активно на социјалните мрежи Facebook и Instagram Turban.mk, и бидете во тек со се што работиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turban.mk (@turban.mk) on