Категории

Интелигенцијата не се мери со дипломата и училиштето, туку со овие нешта

Многу луѓе мислат дека дипломата на човек ја одредува неговата интелигенција – но тоа е апсолутно погрешно!

Многумина мислат: интелигентен човек е оној кој многу читал, кој добил одлично образование (по можност хуманитарно), многу патувал, познава неколку јазици и има богат речник. Меѓутоа, може да се поседува сето тоа и да се биде неинтелигентен.
А голема е можноста и да не се поседува ништо од ова, и човек сепак да поседува природна интелигенција. Образованоста не смее да се меша со неа. Образованоста живее со стара содржина, а интелигенцијата со создавање на нешто ново.

Интелигенцијата не е само знаење, туку и способност да се разберат другите. Таа се прикажува преку мног нешта, преку способноста да се укажува почит, да се поседува скромност, да се помага..

Да се чува природата, да не се фрла ѓубре околу себе – да не се користат пцовки, и ред други нешта. Да се знае да се цени она реткото, да се знае да се води квалитетен и исполнет живот, да се однесува добро спрема туѓата тага, слабост. Интелигенцијата е способност за разбирање, внимавање, толеранција спрема светот и спрема другите.

Прегледи:
638
Објавено на:
24.02.2020