Категории

Интензивната нега на болницата во Бергамо, Италија, прогласи дека е ослободена од Корона вирусот

Единицата за интензивна нега во главната болница во Бергамо, Папа Џовани XXII, е официјално ослободена од Ковид, вкупно 137 дена по доаѓањето на првиот пациент, на 23 февруари.

Вчера, на 8-ми јули, докторите ја прославија оваа вест со долг „ослободувачки“ аплауз, но и со едноминутен молк за илјадниците мртви од Ковид-19.

Интензивната нега во Бергамо беше на браниците на борбата против Ковид, крепејќи илјадници пациенти  и соочувајќи се со околу 6000 смртни случаи во текот на кризата.

„Дојде победата“, кажа Лука Лорини, директор на итната служба во болницата, каде што работат околу 400 луѓе како медицински персонал.

Мариа Беатриче Стаси, генералниот менаџер на болницата, за Италијанскиот весник La Stampa соопшти дека конечно ги виделе докторите во нивните нормални униформи.

Бергамо беше една од најлошо зафатените провинции на Италија од Ковид.

Прегледи:
537
Објавено на:
09.07.2020