Категории

Интересни факти кои не сте ги знаеле за играта „Супер Марио“

Дали се сеќавате на играта „Супер Марио“? На луѓето родитени во 90-тите години ќе им побуди многу спомени од долгото седење пред нинтендо и натпреварување со своите браќа, сестри и најдобри другари.

Сепак, за оваа игра постојат факти за оваа игра кои за многумина сигурно се сеуште непознати.

Првата Супер Марио игра е развиена во 1985 година. Меѓутоа, самиот Марио го развил јапонскиот дизајнер Шигер Мијамото, а прв пат се појавил во аркадната игра Donkey Kong во 1981 година.

Марио е италијански водоинсталатер кој живее во Кралството на печурките, а негова  улога е да ја спаси Принцезата. Често во помош му доаѓа неговиот брат Луиџи.

Во светот се продадени околу 300 милиони копии од оваа игра, што ја прави најпродавана во историјата.

Во третото продолжение на играта, постјат острови кои по обликот потсетуваат на Јапонија, а главниот замок е сместен онаму кадешто е Кјото, родниот град на компанијата Нинтендо.

Печурките кои му помагаат на Марио да порасне се инспирирани од вистинска печурка Amanita Muscariaкоја на овие простори е позната под името Мухара и е карактеристична по силниот психоактивен ефект.

Иако можеби сте знаеле за подземните светови на играта попознати како Минус свет, сепак во играта постоеле уште 256 скриени нивоа.

 

Прегледи:
934
Објавено на:
27.01.2018