Категории

Интересни факти за интуицијата!

Интуицијата е способност да се разбере или знае нешто без потреба од свесно расудување. Истата е резултат од потсвесни процеси кои можат брзо да ги проценат информациите и да дадат решенија.

Еве неколку интересни факти поврзани со интуицијата:

  • Интуицијата честопати може побрзо да даде брзи и ефективни решенија отколку свесното размислување.
  • Интуицијата доаѓа од нашиот потсвесен ум којшто може да процесира огромно количество на информации без да сме свесни.
  • Истражувањата покажуваат дека жените почесто се потпираат на интуицијата отколку мажите.
  • Интуицијата е тесно поврзана со креативноста. Со неа може да се дојде до креативни решенија до коишто не може да се дојде со логичко размислување.
Прегледи:
194
Објавено на:
26.03.2024