Стартапите се мали бизниси основани од претприемачи чијашто цел е да решат одредени проблеми на пазарот.
Во продолжение следуваат неколку интересни факти:
- Многу од најпопуларните стартапи како што се Apple, Google и Amazon своите почетоци ги основале во гаражи. Револуционерните идеи се родиле во скромни места за да подоцна станат први во светот.
- Основачите на стартапите најчесто се млади луѓе. На пример Марк Закерберг имал само 19 години кога станал ко-основач на Фејсбук.
- Работата е флексибилна со многу иновативни идеи.
- Успешните стартапи можат да достигнат огромен раст за краток период.
- Основачите и вработените се полни со пасија за нивната работа, енергични се и динамични.