Шведските девелопери Вил Далбо и Линус Унербек направиле сервис кој што овозможува на едно место, прилично едноставно да биде избришан профил на некоја од социјалните мрежи. Станува збор за специјален сервис кој со само неколку кликови на корисникот му овозможува едноставно да „исчезне“ од интернет.
Процедурата е причично едноставна, потребно е само да се посети интернет страницата „deseat.me“, а потоа корисникот треба да се логира со својот Гугл акаунт за кој што шведските деволопери претпоставиле дека најмногу се користи.
Алгоритмите и скриптите во позадина ќе ја одработат својата работа, ќе ги пронајдат сите кориснички сметки и профили на интернет, а потоа корискникот само треба да избере кој прифил сака да го избрише.
Извор: Макфакс