Сите жени имаат омилена долна облека која ја користат додека не се растегне и искине, но ретко која знае дека тоа е многу опасно по здравјето.
Имено, наместо да чекате да се уништи толку што ќе биде невозможно веќе да се користи, стручњаците советуваат да го обновувате на време за да го заштитите своето здравје. Градниците треба да ги менувате на секои шест до осум месеци, а гаќите по една година или порано доколку станат неудобни.
Жените треба особено да обратат внимание на некои детали во врска со градникот. Доколку веќе подолго време го закопчувате на последното копче, еластичната гума која се наоѓа од страна попушта, а тоа значи дека треба да купите нов.
Тоа е особено важно за жените со поголеми гради. Она што малку жени знаат е фактот дека градите најмногу ги држи задната трана на градникот, а не корпата. Колку повеќе е растегната задната страна, вашите гради имаат помала задршка и ткивото се развлекува, поради што се спуштаат надолу.