Манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер станале родители.
Познатата манекенка се породила пред две недели, а познатата двојка се уште не открива кој пол е бебето ниту кое име го избрале за новиот член на семејството.
Ирина со Бредли е во врска веќе две години, а манекенката стомачето го прошета минатата година на ревијата на „Викторија Сикре“ по што не се појавуваше во медиумите.