Категории

Iris Law е новото заштитно лице на Burberry

Иконскиот бренд Burberry за свое заштитно лице и амбасадор на линијата за убавина ја прогласи младата Iris Law, ќерката на популарниот актер Jude Law. Ова не е нејзин прв ангажман имено таа досега соработувала со брендот Miu Miu и зад себе веќе има една насловна страница на тинејџерскиот Vogue. Младата Ирис ја завзеде улогата на досегашните амбасадорки меѓу кои Кара Делевин, Лили Џејмс, Роузи Хантингтон Вајтли и Суки Ватерхаус кои се познати по нивната долга соработка со брендот и како едни од најпознатите Burberry лица.
Во новата кампања, брендот го претстави својот најнов производ а тоа Liquid Lip Velvet – луксузен течен кармин со богата текстура. Едиторијалот го сними фотографот Angelo Pennetta додека во позадина се слуша саундтракот Clare Maguire.

Како би ја привлекол младата публика, брендот се одлучи да лансира и Tumblr страница на која можат да се видат фотографиите од снимањето и атмосферата позади сцената. Младата Ирис изјави дека е премногу возбудена и среќна што е заштитно лице на овој бренд кој таа го смета за еден од најдобрите британски брендови. Таа призна дека не користи шминка секој ден и настојува да го одржува својот изглед во природно светло. Таа додаде дека кармините од најновата колекција баш одговараат на она кое таа го претпочита а тоа е нежен и женствен изглед. Погледнете ги фотографиите и видеата од снимањето на кампањата.

Прегледи:
225
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.01.2017