Категории

Исчистете го златниот и сребрениот накит без да потрошите денар

Со тек на време, накитот кој го носиме го губи својот сјај и веќе не блеска како порано. Ова се триковите кои ќе ви помогнат да го исчистите вашиот сребрен и златен накит и повторно да изгледа како нов.

СРЕБРО

За чистење на сребрениот накит потребни се низа производи од кујната и купатилото, крпа и малку трпеливост. Откако ќе го исчистите задолжително измијте го, и исполирајте го со памучна крпа или марамче за очила. За дополнителен сјај може да употребите алуминиумска фолија.

Паста за заби – Бела паста за заби без гранули, топла вода и крпа е комбинацијата за брзо отстранување на нечистотијата од накитот и враќање на сјајот. Пастата за заби нанесете ја на накитот и оставете го така барем 10 минути, а потоа измијте го и исполирајте го.

Сода Бикарбона – Оваа едноставна состојка која сигурно ја имате во кујната може да ја користите за чистење на многу предмети, а одлична е и за накитот. Во половина децилитар вода ставете три лажички сода и во таа смеса ставете го својот накит да се кисне неколку часови, а потоа измијте го со обична вода и исполирајте го.

ЗЛАТО

Сега откако го вративте сјајот на сребрениот накит, време е да се посветиме на златниот. За чистењето и на златниот накит потребна е крпа а полирање и следниве состојки.

Оцет – Алкохолниот оцет успешно го чисти накитот од жолто и бело злато. Во еден сад ставете оцет и во него оставете го златниот накит околу 15 минути. Потоа добро измијте го и иполирајте го.

Детергент и вода – Комбинацијата од жешка вода и детергент за облека ќе го врати сјајот на златото. Оставете го накитот еден час во вода, а потоа измијте го со ладна вода и исполирајте го.

Пиво – Намокрете ја крпата со пиво и убаво исполирајте го накитот, а потоа измијте го. Она што мора да внимавате е на накитот со циркони кој не треба да го чистите со пиво, бидејќи тоа може да ги оштети цирконите. На крај добро исполирајте го со сува крпа.

За крај, доколку накитот го чистите во купатилото над умивалникот, задолжително затворете го одводот. Исто така, препорачливо е накитот секогаш да се чува на суво место во оригиналната кутија, и да го вадите при бањање, посета на сауна, чистење.

Прегледи:
3024
Објавено на:
13.02.2018