Категории

Исчистете ја кожата со домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона! (РЕЦЕПТ)

Кокосовото масло е едно од најкорисните природни масла кои може да ги користите, а сода бикарбоната е одличен пилинг за лицето – добитна комбинација!

Кокосовото масло има антимикробни и антибактериски својства. Тоа го чисти лицето и ги елиминира акните. Освен тоа, ова здраво масло третира различни состојби на кожата, вклучувајќи ја и псоријазата. Сода бикарбоната е одличен пилинг за лице, кој ќе ви помогне да ги елеминирате акните, да ги ублажите воспаленијата на кожата од сонце и да ја омекнете кожата.

Еве како да направите домашен пилинг од кокосово масло и сода бикарбона:

Состојки:

  • 1/2 шолја кокосово масло
  • 1/2 шолја сода бикарбона

Упатство:

Во помал, плиток сад помешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса. Користете го да го исчистите лицето како што обично го правите тоа и ќе ја почувствувате неверојатната промена.

Прегледи:
1588
Објавено на:
27.03.2019