Категории

Исфрлете ги овие 5 предмети кои привлекуваат негативна енергија во домот

Негативната енергија во вашиот дом може да донесе лошо расположение, нервоза, депресија, песимизам, тага… За да ја задржите позитивната енергија меѓу своите четири ѕида, проверете дали ги имате некои од овие работи во домот и веднаш ослободете се од нив!

Часовници кои не работат

Стручњаците за фенг-шуи предупредуваат на чувањето расипани или скршени предмети во домот. Расипаните часовници се особено лош знак. Инструментите кои го мерат времето треба секогаш да работат за да не доаѓа до застој – како на часовникот така и во вашиот живот.

Кактуси

Стручњаците за „духовно“ уредување на домот велат дека билките со боцки треба да се исфрлат од него. Имено, тие наводно предизвикуваат лошо расположение, напнатост во куќата па дури и во љубовната врска. Единствен исклучок се ружите. Нивниот елегантен цвет носи позитивна енергија.

Суви билки

Ако сакате домот да ви биде полн со позитивна енергија, мора да се ослободите од сувите билки. Тие наводно носат „мртва енергија“ и негативно делуваат на расположението.

Препарирани животни

Се надеваме дека ги немате во домот… Тоа беше во мода во минатото. Но, логиката е следната: ако мртвите билки носат несреќа во куќата, логично е дека тоа важи и за мртвите животни. Ако имате на ѕидот обесена глава од елен или некое друго животно, веднаш исфрлете ја. Освен што изгледа страшно, внесува и лошо расположение во домот.

Минатогодишен календар

Сѐ уште на ѕидот ви виси стар календар? Веднаш фрлете го – освен што е неупотреблив, му пречи на протокот на позитивна енергија. И календарот (како и часовникот) се сврстува во „мерачи на време“, па според фенг-шуи стручњаците секогаш треба да биде тековен.