Категории

Искрено писмо до мојата мајка

Прекрасното писмо на новинарката  Леа Картер од Австралија, до нејзината мајка, откако и таа самата веќе има ќерка.

„Драга мамо,

Знам дека поминаа цели пет часа откако разговаравме по телефон, но како си? Научи ли веќе да користиш Facebook? А интерпункција во текстуални пораки?

Секогаш бевме најдобри пријателки, ти и јас. Секој ден разговаравме по телефон. Но сега, кога и јас имам ќерка, а ти стана баба, постојат неколку важни работи кои би сакала да ти ги кажам:

Прво, ти благодарам.

Фала ти што ми го бришеше задникот илјадници пати на ден, и дека на овие чудни цветови и остри мириси од моите пелени си гледала со нежност, наместо со одвратност.

Ти благодарам за сите искушенија кои си ги правела поради мене. Знам дека си одложувала многу работи кои биле важни за вас, за да бидеш со мене во секој момент кога било потребно.

Ти благодарам што ме ставиш на прво место, секогаш и денес.

Благодарам што сеуште ме заштитуваш. Сега сфаќам дека и самата помисла нешто лошо да се случи со мене, би било доволно за да те натера да заплачеш.

Фала ти што безусловно ме сакаш.

Фала ти што ми влеа самодоверба дека можам да постигнам сè што ќе замислам. Ме научи дека нема лесен начин и дека мојата вредност е многу повеќе од тоа како изгледам или каква облека носам.

Фала ти што си добар пример. Ти си силна, страсна, љубезна и великодушна жена и сакам да бидам како тебе!

И ти се заблагодарам што никогаш не ми ги ставаше овие смешни панделки за коса, кога бев мала. Пред да се роди ќерка ми, купив неколку и сега сфаќам дека навистина изгледаат глупаво.

Второ, жалам.

Жалам за секој пат кога ти велев лоши работи. Сега можам да замислам колку те болат.

Жал ми е што не ти поверував, кога ми кажа дека да се дружам во автомобил со дечковци во средно е лоша идеја. Сега сум целосно согласна со тоа.

Жал ми е што сум те мачела со будењето многу пати во текот на ноќта. Лишувањето од сон е вистинско мачење, нели?

Исто така жалам што не сакав да станувам од креветот како тинејџер.

Жалам што се жалев бидејќи немам брат или сестра. Сега знам зошто не си имала и друго дете.

Разбирам дека е тешко да се биде родител. Знам дека некогаш си била исплашена, збунета, под стрес или премногу уморна. Фала ти што мислиш дека јас затоа сум била вредна.

И конечно, ти честитам.

Честитки за тоа дека го работиш најтешкото нешто на светот во последните 27 години. Покажа бескрајно трпение, бескомпромисна посветеност и реална, вистинска љубов.

Ти си неверојатна. Ова е нешто што би требало да ти го велам почесто.

Со љубов,
јас “

Прегледи:
1974
Објавено на:
09.05.2016