Категории

Истанбул или Нови Сад? Дочекајте ја Новата година на некоја од овие две локации по неверојатни цени со „Флај Туризам“

Новата година наскоро пристигнува, а со неа и сите нови изненадувања, планови, моменти. Зошто да не ја дочекате онака како што доликува со возбудливо патување? Туристичката агенција Флај Туризам ви нуди две опции во зависност од вашите потреби, желби и можности. Истанбул или Белград/Нови Сад? Одлуката е ваша а за сѐ останато ќе се погрижи Флај Туризам.

Истанбул е градот кој мора да го посетите барем еднаш во животот! Единствениот град кој се простира на два континенти, град на 15 милиони жители, полн со фасцинантни остатоци на својата долга и богата историја. Истанбул е градот каде што Западот се запознава со Истокот. За да бидете дел од оваа магија Флај Туризам организира 4-дневен престој во овој град поаѓајќи на 29 декември од Скопје.

Во текот на ова возбудливо патување ќе имате можност да се запознаете со најпознатите знаменитости на овој милионски град. Џамијата Султан Ахмед, автентична по своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како Сина џамија, сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, Аја Софија, позната и како Црква на светата мудрост која е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква и секако Топ Капи палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја. Крстарење на Босфор, палатата Долма Бахче Сарај, Босфорските мостови и уште многу други градби кои го одземаат здивот.

Цената на ова новогодишно патување изнесува 5.890 денари.

Аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 2 ноќевања во хотел со појадок
  • разгледи на градот и сите главни знаменитости со локален водич
  • Организирана прослава на Новогодишната ноќ со превоз.
  • Придружник од агенцијата во текот на целото патување
  • Организација на патувањето

За повеќе информанции за овој аранжман погледнете ТУКА.

Доколку сакате Новата година да ја дочекате поблиску до дома, во земја со сличен менталитет како нашиот и многу културни обележја, тогаш одличен избор за вас се Белград и Нови Сад.

На ова новогодишно патување се поаѓа на 28. декември и се пристигнува во Белград во утринските часови следниот ден. По разгледувањето на градот, ќе се упатите кон Нови Сад каде што ќе имате можност да ја видите Петроварадинска тврдина како и да се прошетате низ стариот дел на градот: Плоштадот на Слободата, Градската куќа, зградата на Српскиот Народен театар, Градската црква. Потоа следува подготовката за прославувањето на новогодишната ноќ со прослава на плоштадот со богата програма и музика.

Во цената е вклучено

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус или мини бус во зависност од бројот на пријавени
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Garni Hotel Rimski 3*
  • Разглед на Белград и Нови Сад
  • Пратител на групата за време на патувањето


Овој аранжман изнесува 7.750 денари.

За повеќе информации на овој аранжман погледнете ТУКА