Категории

Истражи ја Крива Паланка – Поврзи се со природата – Бидете дел од пролетната школа за етнографија на социјализмот!

Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република  Северна Македонија, сместен во областа Славиште, под падините на Осоговските Планини на двата брега на Крива Река.

Името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на Крива Река. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“. Подоцна, зборот „Паланка“ го заменил турскиот збор „дере“.

Градот е еден од помладите градови во државата. Градот бил формиран од Турците, поточно од Бајрам-паша и градот имал важност како воен и одбранбен центар. Тој центар имал за цел да го зајакне тој регион на Македонија. Основањето на градот е забележано во турските документи од 1043 година по муслимански календар или по стандардното христијанско броење во 1633 година. Тој документ, поточно плоча, се чувала на влезот во тврдината и била испишана со арапска азбука. Подоцна плочата се пренела во џамијата што се наоѓала во центарот на градот. Денеска оригиналната плоча се чува во Музејот на Македонија, додека копија од неа се наоѓа во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Дојдете и посетете ја пролетната школа за етнографија на социјализмот. Ова е релативно нов настан кој што се организира од страна на Институт за етнологија и антропологија од Скопје, а во соработка со Општина Крива Паланка и локалната установа Градски музеј. Настанот се одржува во периодот од 01 до 10 мај во Манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“.  Манифестацијата е замислена и конципирана како школа со обработка и критички осврт за теми и проблеми на општественото, економското, политичкото и воопшто културното живеење во социјализмот.

Повелете, Крива Паланка ве очекува!

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија