Категории

Истражи ја Крива Паланка – Поврзи се со природата – Преглед на настани за првата половина на годината!

Крива Паланка е град во североисточниот дел на Република  Северна Македонија, сместен во областа Славиште, под падините на Осоговските Планини на двата брега на Крива Река.

Името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на Крива Река. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“. Подоцна, зборот „Паланка“ го заменил турскиот збор „дере“.

Градот е еден од помладите градови во државата. Градот бил формиран од Турците, поточно од Бајрам-паша и градот имал важност како воен и одбранбен центар. Тој центар имал за цел да го зајакне тој регион на Македонија. Основањето на градот е забележано во турските документи од 1043 година по муслимански календар или по стандардното христијанско броење во 1633 година. Тој документ, поточно плоча, се чувала на влезот во тврдината и била испишана со арапска азбука. Подоцна плочата се пренела во џамијата што се наоѓала во центарот на градот. Денеска оригиналната плоча се чува во Музејот на Македонија, додека копија од неа се наоѓа во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Крива Паланка изобилува со многу богатства но и со многу културни и спортско рекреативни настани. Во продолжение погледнете ја листата на настани која Крива Паланка ја нуди за периодот Февруари – Јуни.

 

ФЕВРУАРИ

 

  1. Посети го Калин Камен, манастирскиот комплек или некоја од многуте цркви !

Прошетај по Крива Паланка и околината, посети некој од туристичките локалитети во Крива Паланка, воодушевувај се на раскошот и најди го духовниот мир во  кривопаланечките манастири и цркви. Почувствувај ги убавините на осоговските планини, прекрасната природа, снежните врвови дури и во лето, бујните шуми во лето, а златни мориња од лисја во есен. Вкуси некој од шумските плодови што ти ги нуди планината, малини, печурки, капини, боровинки. Неодминливо пробај традиционална кривопаланечка храна, симит што го има само овде, сарамсаклии со лук и кисело млеко, зелник под вршник, качамак со кравјо масло, надалеку прочуениот паланечки компир. Крива Паланка е можеби мал град но има големо срце, посети ја и увери се.

 

МАРТ

 

  1. Чествување на „Св. Теодор Тирон“ и  Манифестација Невестинско поклонение

Во дворот на црквата Свети Теодор Тирон во Кривопаланечкото село Конопница, секоја година традиционално се чествува денот на свети „Теодор Тирон“ со голем народен собор. Денот на одржување на настанот е недела, а датумот на одржувањето е различен секоја година во зависност од православниот верски календар, но секогаш паѓа во првиот викенд од започнувањето на велигденските пости.

Културната манифестација „Невестинско поклонение“ на Свети Теодор Тирон, е длабоко вкоренета во поколенијата кои не само што го негувале култот кон Свети теодор Тирон, за кого се верува дека е заштитник на родот и породот. На поклонение доаѓале генерации и генерации. Снаи и свекрви облечени во своите најубави народни носии, за да бидат благословени од свештениците за здрав род и пород во семејството. Како народен обичај оваа традиција се одржувала до 1977 година, за по 33 годишен прекин, по иницијатива на планинарскиот водич Стојанче Величковски од Крива Паланка, да биде возобновена во вид на своевидна Културна Атракција, а покровител на манифестацијата е градоначалникот и општина Крива Паланка.

На манифестацијата учествуваат сите млади невести кои се омажиле меѓу две Тодорови саботи, придружувани од своите свекрви облечени во автентични народни носии од својот крај. Манифестацијата е од отворен тип при што може да се пријавуваат учеснички од сите краеви на Македонија, а и од странство.  Манифестацијата претставува своевидна ревија на народни носии и уникатниот обичај во кој во главната улога се снаата и свекрвата.

 

АПРИЛ

 

  1. Ден на шегата на 01.04

Највеселиот ден во годината за најмалите жители на Крива Паланка, а секако со ведро расположение и за постарите е „Денот на шегата“, први Април. Секоја година настанот се одбележува и главно место завземаат најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од Крива Паланка, ученици во ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски. Традиционално главната манифестација се одржува на плоштадот во Крива Паланка, со претходно дефиле на многубројните дечиња и младинци низ градските улици, во училиштата и детската градинка. Шаренило од костими на принцези и принцови, омилени супер херои, кловнови, магионичари, пирати, доктори, полицајци, госпоѓици и многу други маски смислени од креативните умови на најмладите и изработени од нивните вредни раце, се разбира со помош на возрасните секоја година се извор на радост и шега. На овој ден се е во знакот на шегата, се кажуваат досетки и шеги, се слуша музика, се игра и пее, а на крајот се избираат најинтересната шега и маски.

 

  1. Посети ја Крива Паланкa пролет и уживај на пешачките и велосипедски патеки и во природата!

Прошетај по Крива Паланка и околината, посети некој од туристичките локалитети во Крива Паланка, воодушевувај се на раскошот и најди го духовниот мир во  кривопаланечките манастири и цркви. Почувствувај ги убавините на осоговските планини, прекрасната природа, снежните врвови дури и во лето, бујните шуми во лето, а златни мориња од лисја во есен. Вкуси некој од шумските плодови што ти ги нуди планината, малини, печурки, капини, боровинки. Неодминливо пробај традиционална кривопаланечка храна, симит што го има само овде, сарамсаклии со лук и кисело млеко, зелник под вршник, качамак со кравјо масло, надалеку прочуениот паланечки компир. Крива Паланка е можеби мал град но има големо срце, посети ја и увери се.

 

  1. Велигденска традиција на 29.04

Манифестацијата се организира во чест на големиот христијански празник Велигден и има за цел да ги промовира традициите поврзани со празнувањето на празникот, а една од нив е боење или шарање на јајца кои треба да го симболизираат Христовото воскресение.

Организатор на манифестацијата  „Велигденска традиција“ е ЛУ Градски музеј од Крива Паланка. Настанот го подржуваат и учество земаат Организација на жени од Крива Паланка, основните училишта  „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“, а покровител  е Општина Крива Паланка.

Во програмата е предвиден хепенинг за избор на најубаво украсено велигденско јајце, најинтересна велигденска декорација, притоа секако неодминлив дел е дегустацијата на традиционално подготвена храна од вештите раце на кривопаланечките домаќинки, јадења кои се карактеристични за велигденските празнувања и секако неодминлив дел е пригодната музичка програма.

 

МАЈ

 

  1. Пролетна школа за етнографија на социјализмот од 01.05 до 10.05

            Ова е релативно нов настан кој што се организира од страна на Институт за етнологија и антропологија од Скопје, а во соработка со Општина Крива Паланка и локалната установа Градски музеј. Настанот се одржува во периодот од 01 до 10 мај во Манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“.  Манифестацијата е замислена и конципирана како школа со обработка и критички осврт за теми и проблеми на општественото, економското, политичкото и воопшто културното живеење во социјализмот.

 

  1. Св. Кирил и Методиј – Ден на просветата и културата на  05

            Во чест на 24 мај, денот на сесловенските просветители и учители светите Кирил и Методиј во Крива Паланка секоја година се прославува денот на просветата и културата. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка во соработка со основните и средните училишта од градот. Прославата на овој ден покрај останатата програма во рамки на училиштата и образовно – воспитните установи е крунисана со организирање на свечена академија со свечена програма и доделување на награди за најдобар просветен работник и најдобар ученик. Светите Кирил и Методиј преку нивната работа влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука на словените на овие простори, со што се сметаат за основоположници на писменоста во Македонија и пошироко кај словенските народи.

 

  1. Спортска манифестација Рели „Калин камен“ на 24.05

            Спортска манифестација Рели „Калин камен“ (Туристичко рели „Калин Камен“) е манифестација која по иницијатива на оф–роуд возачите од Крива Паланка, од 2009 година традиционално, се оддржува на 24 мај, во чест на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Манифестацијата има ревијален карактер.

Должината на патеката е 64 километри, а 80 отсто од неа се одвива на неасфалтиран пат или предели каде воопшто нема пат, а целото патување трае околу 8 часа сметајќи ги и паузите за одмор на учесниците. Висинската разлика помеѓу најниската и највисока точка – Царев Врв (2.085 метри надморска височина) е 1.500 метри. Патеката започнува на плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски, каде се организира заеднички ручек на сите учесници. Манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани Авто мото клуб „Офф Роад Осогово“. Патеката се протега низ следниве предели: Крива Паланка → Мождивњак → Острец → Бари → Костадиница → Бабина чешма → Царев врв (2085м) → Алтн чешма → Калин Камен → Езеро → манастир „Св. Јоаким Осоговски“ → Крива Паланка.

За да се реализира оваа спортско-рекреативна манифестацијата е потребна сигурна и добра организација, нормално и поддршка од полицијата која мора да го запре и контролира сообраќајот додека колоната од повеќе десетици автомобили, меѓу кои технички, санитарни, полициски и други возила се искачува кон селото Мождивњак. Најголем број од учесниците во патувањето користат Лада Нива, но големо внимание кај присутните предизвикуваат и американските и руските џипови стари и по педесетина години. Додека трае патувањето можат да се доживеат сите четири годишни времиња со атмосферски премини, дожд, сонце, ветер па и снежна покривка. Осоговската планина е прекрасна, преполна со пасишта и диви коњи кои галопираат по зелените сртови. Со еден збор целиот настан е едно незаборавно искуство и доживување кое долго се памети.

 

  1. Меѓународна планинарска трансферзала 4М

Меѓународната планинарска трансверзала 4М (По патот на една легенда од 11-ти век) е прва брендирана трекинг патека во Република Македонија, (патека 4М-1 Св. Гаврил Лесновски – Св. Јоаким Осоговски). Меѓународната планинарска трансверзала е авторски проект на планинарскиот водач Стојанче Величковски, и како таква е прифатена од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Патека 4М е содадена во духот на народната традиција врз познатата Лесновска легенда. Истата има за цел да ги поврзе во Балкакска трекинг патека поврзувајќи ги манастирите  на некогашните пустиножители Св. Гаврил Лесновски и  Св. Јоаким Осоговски во Македонија, Св. Јован Рилски во Бугарија и св. Прохор Пчински во Србија.

Планинарско-културна манифестација традиционално се оджува во предпоследниот викен од мај а како туристички аражман според заинтересираност на учесниците. Протегањето на патеката преставува магичен спој на монументалните споменици на културата манастирите св. Гаврил Лесновски (пробиштипско) и Св. Јоаким Осоговски (кривопаланечко). За да се помине во еден ден потребно е учесниците да имаат добра физичка подготвеност. Со изградбата на сместувачкиот капацитет во рамките на туристичката инфо точка во селото Каврак (кратовско) се создаваат услови трансверзалата да се организира во помали групи и како дводневна тура.

Ретко кој може да остане рамнодушен на вистинсото изобилие на  природни реткости, културни знаменитости, геоморфолошки форми, ареали на ендемични флора и фауна, традиционална архикектура, селско-стопански објекти, па и подрачја кои што се вистински куриозитет во Македонија каде што оргиналната народна носија е во секојднена употреба. На патеката има доволно пивка вода, но истата како еднодневна спаѓа во средно тешките патеки, за послабо подготвени учесници има можност да се организира како дводневна и делумно да биде помината со организиран превоз.

 

ЈУНИ

 

  1. Посети ги Станечки водопади!

Прошетај по Крива Паланка и околината, посети некој од туристичките локалитети во Крива Паланка, воодушевувај се на раскошот и најди го духовниот мир во  кривопаланечките манастири и цркви. Почувствувај ги убавините на осоговските планини, прекрасната природа, снежните врвови дури и во лето, бујните шуми во лето, а златни мориња од лисја во есен. Вкуси некој од шумските плодови што ти ги нуди планината, малини, печурки, капини, боровинки. Неодминливо пробај традиционална кривопаланечка храна, симит што го има само овде, сарамсаклии со лук и кисело млеко, зелник под вршник, качамак со кравјо масло, надалеку прочуениот паланечки компир. Крива Паланка е можеби мал град но има големо срце, посети ја и увери се.

  1. Планинарска трансферзала ЦАРЕВ ВРВ

            Планинарската трансферзала Царев врв е настан кој што подразбира традиционално искачување на вториот по височина врв на Осоговските Планини, а тоа е врвот Царев Врв. Претставува настан од планинарски и спортско рекреативен карактер кој се одржува секоја година во последниот викенд од месец Јуни, а е во организација на планинарското друштво Руен од Крива Паланка.

 

Повелете, Крива Паланка ве очекува!

 

Оваа публикација е финансирана од страна на Делегацијата на ЕУ во Косово* во рамки на  ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија

Прегледи:
507
Објавено на:
01.02.2019