Категории

Истражувањата откриваат кога најчесто се пронаоѓа партнерот за цел живот

Научниците го смислија правилото „37-отсто правило“ кое би требало да открие во која животна доба е најголема веројатноста да ја пронајдеме љубовта на нашиот живот.

37-отсто правило
Научниците со помош на математичка формула развија алогаритам кој би требало да го олесни одлучувањето. Треба ли да резервирате лет или да причекате кога ќе стане по поволен? Треба ли да купите скапа слика или да чекате да пронајдете по поволна? Ваквите прашања можат да се однесуваат и за љубовта: Треба ли да стапите во брак или подобро е да чекате додека не пронајдете некој кој ќе ви одговара?

Тогаш влегува во игра 37-отсто правилото: ако сме испитале 37% од опциите, тогаш е најдобро време за напад. Научниците потврдија дека тогаш сме во состојба да донесеме разумна одлука.

Ако тргнеме од тоа дека треба да се венчаме некаде помеѓу 18-тата и 40-тата година, според научниците идеално време е 24 години. Поточно, кратко после 26-тиот роденден, тогаш тоа одговара на формулата 37-отсто.
Прво треба да поминете неколку „совршени“, па потоа ќе го најдете оној „вистинскиот“, тврдат научниците.
Према тоа, тие сметаат дека не треба да се венчате во 26-тата година, туку тогаш да престанете со барање, претпоставка е дека веќе имате партнер со кој сте среќни.

 

 

 

Прегледи:
780
Објавено на:
22.09.2019