Категории

Италијанска плажа нуди враќање на парите во случај на дожд

Проектот кој ќе започне на плажите недалеку од Венеција е наречен “Или ќе добиете боја, или своите пари назад”.

Угостителите и закупувачите на простор на некои од италијанските плажи водат сметка за сите детали кога станува збор за задоволството на туристите.

Убавото време во текот на годишниот одмор е повеќе од посакувано, а доколку ви заврне дожд додека се наоѓате на овие плажи, немате простор за грижа.

Имено, закупувачите на плажите започнаа проект за враќање на парите на туристите во случај на дождливо време. Организаторите истакнуваат дека целта им е да им угодат на туристите, а добивањето на добра боја е повеќе од приоритет.

Акцијата е започната на неколку плажи во градот Јесоло, недалеку од Венеција. Па така, сите кои ќе одлучат да го поминат својот годишен одмор во Јесоло, во случај на дождливи денови имаат право на враќање на парите.

Прегледи:
434
Објавено на:
26.06.2016