Категории

Избегнeте разочарување и сочувајте го менталното здравје: Еве како да се ослободите од превисоките очекувања

Кога живеете живот без очекувања, ги гледате работите онакви какви што се.

Поставете си себеси силни цели и стремете се кон поголеми достигнувања, но останете реални или ќе бидете разочарани.

Ние сме многу креативни суштества. И кога ќе почнеме да правиме нешто, очекуваме сè да се одвива онака како што сакаме.

Дали ви звучи познато ова?

„Ќе дипломирам. И тогаш сите компании ќе се борат за мене. Ќе ја изберам онаа со најдобра плата. И ќе бидам богат“.

“Таа навистина ми се допаѓа. Ќе бидеме во врска неколку месеци. Ќе започнеме живот заедно. Ќе се венчаме. Таа ќе сака четири деца. Ќе се договориме да имаме две. Ќе купиме куќа за одмор наплажа. Бум. Среќен живот.”

“Мојата деловна идеја е одлична. Ќе соберам малку пари. Ќе ангажирам неколку луѓе за да го развијат производот. Ќе го промовираме на пазарот. Медиумите ќе пишуваат за тоа. Ќе направам настап на ТВ. И тогаш ќе ја продадам компанијата.”

„Ќе направам неколку видеа. Ќе ги ставам на YouTube. Луѓето ќе ги споделуваат. Едно од моите видеа ќе стане вирално. И тоа е тоа. Ќе заработам многу пари“.

 

Кои се шансите овие сценарија да се реализираат?

Малку прагматизам не може да наштети. Не е практично да се имаат големи очекувања затоа што тие ретко се реализираат и доведуваат до фрустрација. Спротивно на тоа, ниските очекувања и добриот исход водат до благодарност.

Бери Шварц, психолог и автор на книгата Парадоксот на изборот, убаво кажа:

„Тајната на среќата се ниските очекувања“.

Сепак, ова не е нова информација. Повеќето од нас знаат дека високите очекувања не се од корист. Тогаш, зошто сè уште ги имаме?

И понатаму сакаме повеќе, повеќе и сеповеќе. И кога сакаме повеќе, очекуваме повеќе. Тешко е да ги намалиме очекувањата ако не ги поправиме нашите желби. Но, како да го извлечеме најдоброто од животот ако не бараме повеќе? Нема смисла, нели? Па, многу работи во животот навистина немаат смисла. Но, факт е, кога бараме повеќе, имаме повеќе опции.

“Што да правам? Што да направам повеќе? Повеќе да им помогам на другите луѓе? Да поминувам повеќе време со семејството?”

Повеќе опции се исто така лоша работа, тоа носи повеќе забуна и води до анкциозност и жалење. Сигурно го знаете тоа чувство – Што ако донесов погрешна одлука? Значи сепакповеќе не е подобро. Нема ништо лошо со 0,1 процент напредок … или да заработите помалку пари и да поминете повеќе време со семејството.

“Да, но сакам сè!”

Тоа не е невозможно. Но, не очекувајте го тоа. Не очекувајте чуда од себе. И уште поважно, не очекувајте многу од другите. Никој не е совршен. Луѓето ќе ве разочараат понекогаш, и обратно. Прифатете дека ова не е крај на светот.

Кога живеете живот без очекувања, ги гледате нештата какви што се.

Не барајте работите да бидат подобри. Направете ги подобри.

Прегледи:
374
Објавено на:
27.03.2020