Категории

Избегнувајте ги по секоја цена – овој тип на мажи само ќе ви го трошат времето

Тие играат според сопствени правила и не сакаат ништо сериозно

Нарцис
Убав, успешен, талентиран и харизматичен – тешко е да се одолее на неговиот шарм. Но бидете внимателни, таков човек можете да го шармирате но тој се сака само себеси. Се што ве очекува се преценети барања и егоцентирчност од негова страна.

Господин „Емоционално Нестабилен“
Тој е човек со хроничен ПМС – неодлучен, хистеричен, нервозен дури и плачко. Ни самиот не знае што сака, лута од една на друга страна. Дали стварно ви е потребен некој таков?

Вечно дете
Сакате да знаете како е да се биде мајка? Започнете да излегувате со овој тип на маж кој како сеуште да е заглавен во своето детство. Постојано нешто прашува и постојано е неинформиран за буквално се. Ќе морате вие да одлучувате наместо него, дури и за најлесните работи.

Незрел
Венчавка? Брак? Одговорност? Не, никогаш не сум чул!
Овој тип на маж преферира леснотија во се и само сака минливи односи. Тоа не значи дека ќе го видите само еднаш, тој ќе се појави, ќе исчезне, па пак ќе се појави и така до недоглед.

Неспособен
Ако сте во врска со ваков тип на маж спремете се вие да правите се за него, не поради тоа што тој не умее туку поради тоа што е едноставно – мрзлив.
Финанскиски е нестабилен и неможе да се задржи на една работа подолго време, секогаш наоѓа изговор за тоа. Вие ќе бидете таа која ќе мора да го издржува.

Папучар
Постојат две врсти на папучари. Ова е човек со пријатен и мек карактер, кој е сосема погоден и поднослив за врска. А тука е и оној со ниска самодоверба кој е едноставно досаден, тој нема своја иницијатива, потчинет е и подложен на туѓото влијание.

Прегледи:
275
Објавено на:
29.10.2019