Според едно истражување спроведено на Универзитетот во Бангор и Кралскиот колеџ во Лондон, алкохолните пијалаци имаат различен ефект врз емоциите и расположението.
Во истражувањето, објавено во списанието BMJ Open, вклучени биле 30.000 луѓе, на возраст од 18 до 34 години, од повеќе од 20 земји од светот. Сите испитаници изјавиле дека различни видови на алкохолни пијалаци имаат различен ефект врз нив.
Повеќе од 40 проценти од испитаниците изјавиле дека по консумирање на алкохолни пијалоци се чувствуваат секси, повеќе од половина се изјасниле дека стануваат се поенергични и сигурни во себе, а една третина од испитаниците изјавиле дека тие стануваат агресивни по косумирање на алкохол.
Марк Белис , еден од професорите и истражувачите, изјавил дека околностите во кои се конзумира алкохол се важен фактор за тоа како алкохолот ќе влијае на вас.
На пример, ако пиете црвено вино, ќе се чувствувате поопуштени, но доколку на забава пиете вотка, ќе почнете да се чувствувате како да имате енергија.
Исто така, истражувачите предупредиле за штетноста од прекумерена консумација на алкохолните пијалаци.