Младата Ит манекенка и ѕвезда на реалити шоуто Кардашијанс зачекори по улиците во Парис во долг сатенски фустан во златно-розова боја. Елегантниот slip-dress како што е популарното име на овој модел фустан го искомбинира со кремови кожни чизми и мала рачна Живанши ташна во иста нијанса. Таа го освои вниманието на фотографите и како што веќе беше очекувано и пофалбите на модните критичари кои будно го следат секој нејзин моден избор и за Кендал велат дека таа е една од малкуте млади софистицирани девојки која не е слеп следбеник на модата туку сам диктатор.