Категории

Изгубената чевла на Ганди

Махатма Ганди се подготвувал за на пат, и додека се качувал на возот, му испаднала една чевла и паднала покрај шините.

Махатма Ганди се подтовувал за на пат, и додека се качувал на возот, му испаднала една чевла и паднала покрај шините.

Бидејќи возот почнал да се движи, Ганди не можел да ја дофати. Тогаш мирно ја соблекол и својата друга чевла и внимателно ја фрлил покрај пругата, па таа паднала веднаш до првата.

Еден сопатник набљудувајќи го сето тоа му пристапил на Ганди и го прашал зошто го направил тоа. Ганди само се насмевнал и му одговорил:

-Сиромавиот кога ќе пронајде една изгубена чевла покрај пругата нема да има никаква корист од неа. Сега ќе пронајде пар кој можеби ќе му користи.

Прегледи:
548
Објавено на:
28.03.2020