Категории

Ја крстиле ќерката Брексит во чест на британското напуштање на ЕУ

Еден пар во Мексико, во сојузната држава Табаско, на својата новородена ќерка и го дале името Брексит, според референдумот на кој жителите на Велика Британија одлучија да ја напуштат Европската Унија.

Веста ја објави тамошниот весник “Excelsior”, кој ја поткрепи статијата со доказ од матичната книга на родените.

Малечкото девојче Брексит е запишана во матичната книга на родените во петокот, ден после референдумот на кој 52% од граѓаните ја заокружија опцијата за излез од ЕУ.

Набрзо после референдумот, на социјалните мрежи почна да кружи веста за мексиканскиот пар кој на својата ќерка и го дал необичното име.

Во Мексико на сила е законот кој забранува давање на имиња кои би можело да предизвикаат исмејување од околината и чувство на неудобност кај таканареченото дете. Меѓу забранетите имиња се наоѓаат Робокап, Јаху и Бетмен.

Прегледи:
497
Објавено на:
28.06.2016