Категории

Јадете премногу чоколадо? Тоа значи дека ви недостасува овој минерал!

Ако не сте голем љубител на чоколадото, но во последно време забележувате дека секојдневно ви се јаде, проверете ја крвната слика.

Можеби оваа желба значи дека има недостаток на магнезиум.

Магнезиумот е неопходен за стотици биохемиски реакции во телото, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со опуштање. Кога го нема доволно во организмот, луѓето стануваат раздразливи, ги мачи несоница и висок крвен притисок, па организмот не може да се опушти.

Поради оваа причина луѓето со недостаток на магнезиум привремено подобро се чувствуваат кога ќе изедат чоколадо кое ги опушта.

Но, тоа задоволство трае многу кратко и може да се претвори во зависност. Стручњаците препорачуваат редовна контрола, а во меѓувреме обичното чоколадо заменете го со црно кое содржи 70% какао.

Прегледи:
579
Објавено на:
17.01.2022