Категории

ЈАС ИМАМ ЕДНА СЕСТРА, НО ТАА Е НЕШТО ПОСЕБНО, ДЕЛ ОД МЕНЕ, ДЕЛ ОД МОЕТО СРЦЕ, ДУША, ЖИВОТ

Прво да ви ја претставам, мојата “Н”. Таа има кратка светло­кафена коса и ги има најубавите сини очи кои ме потсетуваат на небото.

“Н” е едно прекрасно суштество на овој гаден свет, кое се родило пред 14 години, за мене да ми биде поддршка, среќа, љубов, сестра.

Јас имам една сестра, но таа е нешто посебно, дел од мене, дел од моето срце, душа, живот. Таа е секогаш покрај мене, кога ми е тешко, ми ги дава најдобрите совети, со мене се смее, со мене плаче, ги чува моите најдлабоки тајни, ме чува мене.

Таа ја има моќта со еден збор, поглед, насмевка, очи полни љубов, да ме развесели. За мене прави се, исто како и јас за неа. Би убила ако некој ја повреди. Таа се глупира заедно со мене, бидејќи добро знаеме и двете, дека ЗАЕДНО ни е поубаво.

Што друго да кажам. Мојата “Н”, едно име со големо значење, мене ми е СЕ и верувајте, подобра другарка од неа, не постои.

К.Б

Прегледи:
608
Ознаки:
· ·
Објавено на:
26.03.2016