Категории

ЈАС НЕ ДАВАМ ВТОРА ШАНСА ПО ДЕСЕТТИ ПАТ, ДОКОЛКУ МЕ САКАШЕ ЌЕ ЈА ИСКОРИСТЕШЕ

Кога мислев дека животот ми завршил, токму тогаш се појави ти. Се заљубив во тебе како мало дете што не разбира ништо, се беше добро и си живеевме среќно, нели се сеќаваш?

Но, ете постои и таа далечина што уништува животи.

Знаеш ли дека навистина си помислив дека ме сакаше? Иако не се гледавме често, мислев дека сум ти единствена, а сето она што ми го кажуваше, мислев дека е вистина.

Ме искористи, ме уништи, ме направи тоа што никогаш не помислував дека ќе станам.

И после толку време пак се враќаш и ми се извинуваш, си се променил, викаш.

Знаев, јас ти кажав дека можеби има илјадници поубави од мене, но некоја што ќе те сака поубаво од мене НЕМА да најдеш.

Ми велиш дека не сум истата, во право си, не сум истата, нема пак да ти дозволам да ме искористиш. Знаеш ли дека додека ти се забавуваше со таа селанка, јас се уништував?

Сите ме прашуваа, зошто толку се смеам, а не знаеја дека секоја вечер заспивав со солзи.

Знаеш ли како боли да си ништо, на некој што ти е тебе се?

Ти не знаеш, ти ништо не знаеш. Сега ми велиш дека ти е жал за се што ми направи дека сега таа те искористи тебе.

Можам само да ти кажам дека таков сељак како тебе досега немав видено. Иако се уште те сакам, нема да ти простам, јас не давам втора шанса по втор пат, доколку ме сакаше ќе ја искористеше првата.

Сега е многу касно, ЗАБОРАВИ МЕ.

Македонка

Прегледи:
499
Објавено на:
12.05.2016