Категории

Јас сум интровертна мајка, драго ми е. А вие?

Оној кој е упатен во тоа како функционираат тие личности, знае колку родителството е предизвик за нас. Ние сме оние кои контактите со друите луѓе не исцрпуваат.

Милина за моите сетила.

А тогаш се родија децата.

Денот го поминувам некако низ одговарање на прашања, перење, преслекување, додавање работи, собирање играчки, доење, носење, неспиење.

Исцрпена како и било која друга мајка.

Но, интровертната мајка е дополнително исцрпена како крпа на крајот од денот, бидејќи ги нема своите 15 минути за да ја обнови својата енергија.

Ме бомбардираат со зборовите “мамо” некои 30 илјада пати во текот на денот.

А јас во основа на секое трето прашање одговарам и тоа со “не знам”. (Јас сум една од оние кои полудуваа затоа што синот ми прозборе “малку подоцна”.)

Им измислувам активности во кои не е потребно јас да ги анимирам. Не е потребно активно да учествувам, доволно е да седам на страна.

Активности кои ќе ми донесат баре половина час тишина.

Додека спијат, помислувам “само да не станат сега”.

Ги игнорирам нивните кавги бидејќи немам сила за тоа и обично тоа завршува така што сите се казнети.

Пуштам да гледаат ТВ и цртани на мобилниот додека седам до нив и едвај чекам да научат да читаат па да можам да им ги увалувам книгите а за возврат да добијам малку мир.

Немам проблем што одат во градинка, барем тие неколку часа можам да ги наполнам батериите за да ме имаат што покомплетна.

Кога е критично, сама себе си давам тајм-аут: се заклучувам во тоалетот на 15 минути (и подолго ако е сопругот тука).

Заминувањето во парк е често голем предизвик. Кога ќе пораснат доволно, нема да морам на секоја секунда да ги пребројувам дали се сите тука. Без потреба да ги забавувам. И нив а и родителите на другите деца.

И најчесто сè завршува неславно. Пренапнато чекам да ја направат првата голема грешка што е доволно да во истиот момент ги соберам парталите и да идеме дома.

Тука се и детските родендени. Колку и да се радувам кога клинците се повикани кај некого на роденден, толку често добивам и чвор во стомакот бидејќи тоа значи и комуникација со други родители.

А се што сакам е да седнам, да читам весник, книга или да сурфам на нет.

Во тишина. Сама.

А вие?

Прегледи:
382
Објавено на:
11.07.2016