Категории

Јас сум личност која се вљубува во мали нешта – Зајдисонца, книги, кафе и пролет после зима..

Се вљубувам во љубезноста, веселите изненадувања, и нештата кои му даваат смисла на страдањето и болката.
Постои нешто толку прекрасно и ослободувачко во тоа да се вљубуваш во нештата кои му даваат смисла на твоето постоење.

Јас се заљубувам во мали нешта.
Јас се заљубувам во мирот, кафето и зајдисонцето. Се заљубувам во вечерите кога јадам пица покрај каминот со своите пријатели, во миговите кога играме видео игри со часови, во песните на кои не можам да издржам а да не почнам да танцувам.

Се вљубувам во септември, секоја година повторно и повторно. Се вљубувам во пролетта после зимата кога небото е исшарано во бои на шеќерна волна.
Се заљубувам во прегратките кои траат подолго од 5 секунди, пријателите кои прават моето срце да искри, во спомените кои ги создаваме заедно.

Јас се вљубувам во книги чии ликови ми покажуваат дека и јас како и нив можам да го пронајдам својот среќен крај.
Се вљубувам во љубезноста, веселите изненадувања, и нештата кои му даваат смисла на страдањето и болката.
Постои нешто толку прекрасно и ослободувачко во тоа да се вљубуваш во нештата кои му даваат смисла на твоето постоење.

Прегледи:
665
Објавено на:
22.09.2020