Категории

Јас сум најсебичната личност што ја познавам

Сакам еднаш кога ќе дојдам од работа да ме чека ручек, а не мене да ме чекаат за да го спремам. Сакам кога ќе дојдам од работа да не ги засукувам ракавите и да се фаќам за работа, туку да се соблечам и да си го фатам креветот.

Сакам пилешка супа со лимон и бибер. Сакам да готвам кога сум нервозна и кога не сум. Сакам нови рецепти. Сакам лути пиперчиња. Сакам јајца на око. И месо!

Сакам телевизија на тивок тон. Сакам исклучено светло кога гледам филм. Сакам топлата вода да трае додека ми трае туширањето, а не обратно. Сакам да се шетам гола низ станот. Сакам топла облека. Пижами по дома. Сакам чоколадо со лешници.

Сакам кога ме моли кога сум лута. Сакам романтични вечери. Најмногу хоум мејд. Сакам вино. И црвено и бело. Сакам страсни бакнежи во најава за водење љубов. Сакам црна долна облека. Сакам долга предигра. Сакам ќерка. Сакам меко кебенце во дневна. И ладен чаршаф во спална. Сакам какао пред спиење. Сакам се што свети да е исклучено кога спијам.

Сакам да сакам. Сакам ситници. Сакам едноставни работи. За јас да ги направам комплицирани. Сакам да одам на одмор. Сакам да си поседам. Сакам да пишувам, да пишувам и да пишувам.  Уште многу работи сакам.

Себично ли е да сакам?

Белешките на една Алиса.

1 2

Прегледи:
785
Објавено на:
17.03.2016