Категории

Јасмина Дракул, една од ѕвездите во македонската модна индустрија: „Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден.“

Што ја прави жената убава?  Секоја жена е различна, со различно тело, коса, лице…со различна насмевка и држење, и секоја има своја посебна убавина.

Уметност е да знаеш да го истакнеш убавото во секоја жена, да умееш да направиш да се чувствува како принцеза, само така таа ќе блеска одвнатре и ќе изгледа комплетно.

Јасмина Дракул е „магионичарот“ кој на жените им прави да се чувствуват како принцези и кралици, да бидат вистински дами. Со нејзиното магично стапче, односно со нејзината креативност и вредни раце,  создава уникатни креации кои умеат да го истакнат најубавото од жената.

A post shared by Atelier Drakul (@atelierdrakul) on

„Ненаметливата раскошност и дизајн на венчаниците и тоалетите ја дефинира убавината кај жената, но не ја ограничува истата, со што се подразбира дека секоја жена би можела да се пронајде во моите колекции.“ 

 

Ателиер Дракул е бренд кој опстојува на нашиот пазар повеќе од 20 години и тоа што го создава Дракул е вистинска уметност. Зад неа стојат илјадници креации и уште толку задоволни клиенти, голем број на реализирани проекти и одржани ревии. Дракул е една од ѕвездите во македонската модна индустрија.

Фокус на Ателиер Дракул се невестинските фустани, таму вложуваат голем дел од креативната енергија, создаваат раскошни и гамурозни венчаници, а за својата последна колекција вели дека инспирација е кралскиот луксуз, измешан со лежерниот романтизам кој е вистински модерен спој.

A post shared by Atelier Drakul (@atelierdrakul) on


Во таа приказна создава уникатни дизајни, кои совршено прилегаат на секоја жена и секоја од нив ја живее својата бајка на својот посебен ден.

Моите креации ја претставуваат жената која е нежна а моќна, вистинска кралица на својот посебен ден.

 

A post shared by Atelier Drakul (@atelierdrakul) on


Убавината е во деталите, а тоа Дракул најдобро го знае. Па често нејзините креации се извезени со уникатни детали, цветови, пеперутрки, светкави камења, со што завршниот производ ти го одзема здивот.

 

A post shared by Atelier Drakul (@atelierdrakul) on

Иако венчаниците се заштитно дело на оваа креаторка, неизбежни се и вечерните тоалети, коктел фустаните и модните додатоци. Рачно изработениот накит е нешто со кое таа може да се пофали, како и други разновидни тренди парчиња во кои може да се пронајде секоја жена.

 

Прегледи:
1471
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
14.07.2017