Категории

Јаткасти плодови кои редовно треба да ги конзумирате

Здравите масти се многу значајни за секојдневната исхраната , кои не смеат да се изостават, а  за најдобар “претставник” се сметаат јаткастите плодови. 

Секоја година се повеќе и повеќе истражувања докажуваат дека јаткастите плодови се најразновидната, нутритивно балансирана храна. Поради високото ниво на здрави масти, предизвикуваат подолго чувство на ситост и помагаат при губењето на вишокот на килограми.

Нутриционистите најчесто ги препорачуваат следниве јаткасти плодови:

1. Ореви

Овие плодови се богати со масни киселини на база на omega-3, која ги смалува воспаленијата кои ги оштетуваат артериите, помага во  заздравување на повредените или скршени коски. Нивно редовно конзумирање придонесува до намалување нивото на штетниот холестерол. Оревите се конзумираат и со многу слатки продукти. На пример палачинките секогаш се повкусни со малку ореви на нив.

2. Бадеми

 

Иако се доста калорични, бадемите не дебелеат. Една рака бадеми дневно обезбедува околу 35% од потребната дневна доза на витамин Е, важен антиоксиданс кој штити од Алцхајмерова болест.

3. Кикирики

 

Кикириките се одлична енергетска храна, содржат многу протеини, влакнести јагленохидрати и антиоксиданси. Внесувањето на кикирики го намалува ризикот од срцев удар, затоа што ја зголемуваат природното производство на азотен оксид, кој ги шири крвните садовиа, исто така значително помагаат за балансирање на нивото на шеќер во крвта.

4. Ф´стаци

 

Ф’стаците се најниско калорични во споредба со останатите јаткасти плодови. Содржат многу витамин Б6, обезбедувајќи 18% проценти од дневните потреби на овој витамин. Најдобро е да се џвакаат поспоро за да можете да придржувате до калориските рестрикции за да добиете повеќе сатисфакција преку помалку храна.

5. Индиски ореви

 

Иако се наоѓаат на листата на најизбегнуваните јаткасти плодови, поради путерестиот и масен вкус, сепак, индиските ореви важат за едни од најбогатите нутритивни плодови, кои имаат многу железо, цинк и други минерали.

Прегледи:
435
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
19.08.2022