Категории

Каде е најевтино да се забавуваш?

Најголемата германска банка Deutsche Bank го пресмета „Индексот на гревот“, кој се определува од вредноста на пет шишиња пиво и две кутии цигари во различни земји во светот. Се посочуваат и други варијанти за трошоци пресметани од експертите на банката, објави The Telegraph.

Најскапите градови во светот за купување на горниот пакет од „задоволства“ се австралискиот Мелбурн ($ 66,9) и Сингапур ($ 64). Најевтин во овој поглед е главниот град на Филипините – Манила, каде што цената на пет пива и два пакети цигари се 11,6 долари.

Најскапиот град за романтична средба, вклучувајќи патување со такси, вечера за двајца, безалкохолни пијалоци, два билети за кино и две пива е Цирих. Во овој швајцарски град да ја изведеш сопругата на сличено скромно вечерно излегување чини 201 долари, а најевтино тоа може да се случи во индискиот град Бангалор – само за 42 долари.

Германските банкари го определија Цирих исто и за најскапиот град за краток пријатен одмор – две ноќи во хотел со пет ѕвездички, два ручеци во паб, две вечери во ресторан, изнајмување на автомобил за два дена, две пива, четири литри безалкохолни пијалоци, купување на два пара фармерки и патики. Ова задоволство ќе ве чини во швајцарскиот град 3. 475 долари.

На другиот крај меѓу анализираните градови е главниот град на Малезија – Куала Лампур каде слично кратко патување ќе ве чини само 688 долари.

Прегледи:
394
Објавено на:
23.05.2016