Категории

Каде најчесто можете да го запознаете вашиот иден ПАРТНЕР

Доколку сѐ уште се во потрага по својата друга половина, тргнете во акција, на овие места можете да ја запознаете љубовта на вашиот живот..

Летото е зад нас а со тоа и летните љубовни авантури на море. Време е за нови планови и нови почетоци. Но тоа никако не значи дека е веќе доцна да пронајдете некој со кого би можеле да се прегрнете под топло ќебе во есенските денови додека гледате некоја романтична комедија. Напротив.. Никогаш не се знае каде можете да запознаете некој од кого вашето срце ќе заигра. Тоа може да за случи тогаш кога се во свое најдобро издание, но и кога најмалку се надевате.

Во кафич
Ова е веќе класика. Нема баш ништо необично во тоа некој да ви пријде додека пиете кафе со вашите другарки или некоја девојка флертува со вас додека се дружите со вашите другари. Затоа ако досега не сте имале обичај, дотерајте се и правец со прифателите во кафич.

Преку пријатели
Пријателите добро ве познаваат и би ве запознале само со некој со кого би претпоставиле дека би сте се согласувале добро и би ви се допаднал. Затоа не грижете се и вклучете ги во вашата потрага и не бунете се ако ви наместат дејт.

На куќна журка
Јасно е дека во ноќен клуб и кафич можете да запознаете некој, но уште подобар избор е куќната журка. Не само што е поопуштено и попријатно, и можете да разговарате подобро, туку ви пружи можост тоа сето да биде во доста комфорна атмосфера. Домашните журки, ручеци, скара на кои повикуваме многу луѓе кои исто така ги доведуваат своите пријатели, пружат одлична можност да запознаете некој кој ќе ви се допадне.

На некое случување или манифестација
Било да е во прашање свадба на пријател, или концерт, манифестациите се одлични за запознавање од повеќе причини – веројатно веќе имате нешто заедничко, тоа може да биде заеднички приајтел, изведувач кој го сакате или нешто трето. Во главно ако присуствувате на истото случување, нешто ве поврзува па така ќе имате тема за разговор и полесно ќе се запознаете.

На курс или работилница
Ако сакате да запознаете слободни мажи или жени кои го сакаат истото како и вас, запишете се на некој курс. Тоа може да биде нешто што вистински ве интересира, од странски јазик, до сликарство, грнчарење, спорт или нешто сосема друго. На ваквите места покрај интересот, голем број луѓе се запушуваат и за да остварат контакти со нови луѓе, па тоа ќе биде идеална атмосфера за запознавање на вашиот потенцијален партнер.

Прегледи:
464
Објавено на:
22.10.2019