Категории

Кафето како пијалак што придонесува за Вашето здравје

Дали сте љубители на кафе? Имаме супер вести за Вас!

Неодамнешно истражување заклучило дека пиење три шолји кафе во текот на денот допринесува за подобрување на Вашето здравје. Високото ниво на кофеин во крвта, придонесло за пониски телесни масти и намален ризик од дијабетес тип 2.

Тоа би можело да доведе до употреба на кофеински пијалоци без калории, но, истражувачите велат дека се потребни дополнителни истражувања за оваа тема, сѐ уште не е јасно дефинирано што и како.

Д-р Катарина Кос, професор по дијабетес и дебелина на Универзитетот во Ексетер, Англија, вели дека ова истражување покажало потенцијални здравствени придобивки, но не препорачува пиење повеќе кафе од вообичаеното, тоа не е целта на истражувањето.

Прегледи:
342
Ознаки:
· ·
Објавено на:
21.03.2023