Категории

Кајли Џенер и Аријана Гранде најавија: Ова ќе биде најбараниот маникир за оваа есен!

Големите настани на познатите личности најмногу ги сакаме поради презентирањето на новите модни трендови. Така и на ова доделување на МТВ ВМА наградите поголемиот дел од познатите дами се појавија со идентичен маникир и веќе знаеме што ќе се носи во наредниот период.

Станува збор за бел маникир кој со гордост го носеа Кајли Џенер, Аријана Гранде, Блејк Лајвли… Иако досега белиот маникир го врзувавме со најтоплите месеци, плажа и бронзен тен, одлична е идејата да го носиме и во текот на првите зимски денови, бидејќи одлично ќе се комбинира со се и ќе делува шик и елегантно.

Посебно ќе дојде до израз ако се одлучите за комбинација „се во бело“ како Кајли Џенер и Блејк Лајвли. Оваа есен заменете го познатиот црвен маникир со бел и ви гарантираме дека нема да се покаете.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on