Сите сестри се собраа за да бидат дел од кампањата за Келвин Клајн, но покрај тоа што првично реакциите беа насочени кон Кајли, сега целиот интеренет критикува за количината на фотошоп која е употребена за фотосесијата.
Долги месеци се шпекулира за бременостите во семејството, откако Ким објави дека ќе има дете преку сурогат мајка, а Клои среќна ја објави веста дека ќе стане мајка, нема никаков официјален глас околу бременоста на најмладата сестра.
Кајли е скриена од јавноста, а на социјалните мрежи почесто се појавуваат нејзини постари фотографии или пак фотографии на кои и се гледа само лицето.
Последната кампања за Келвин Клајн само ги потврди сомнежите, кога само таа од сите сестри беше целосно покриена, а на ниту една фотографија не може да се види нејзиниот стомак.
На една од фотографиите Кортни, која се наоѓа во најсовршената форма до сега дури и откако роди три деца, позира топлес со покриени гради, а покрај неа се и топ моделот Кендал и Клое.
Но, контроверзиите за фотосесијата не завршуваат со Кајли. Сите се шокирани од количината на фотошоп која е употребена на фотографиите. Коментарите се дека ова е крајно лоша обработка и дека Ким личи на вонземјанец, сосема друга личност.
Јавноста смета дека ова е една од полошите фотосесии, коментарите продолжуваат дека е очигледно дека Кајли изгледа како да не сака да биде дел од проектот и дека Келвин Клај може ова да го направи и подобро.