Кајли Џенер неодамна го имаше својот прв моден ангажман и тоа за спортскиот бренд Puma. Таа позираше пред објективот во краток топ, хеланки и патики покажувајќи го својето фитнес тело. Компанијата за оваа соработка изјави дека Кајли го има тој спортски дух кој им беше потребен за оваа специјална кампања, а самата Кајли изјави дека и беше чест и гордост да соработува со една толку призната спортска линија. Puma исто така има и долгогодишна соработка и со други ѕвезди од шоу бизнисот меѓу кои и мега ѕвездата Ријана.