Категории

Кајшто многумина гледаат попреченост, ние гледаме љубов

3 декември е денот што се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.

Предизвикот на oвој ден кој од страна на Обединетите нации е промовиран како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби во 1992 година, е фактот дека тој ги обврзува сите оние кои зборуваат и дискутираат за проблемите на оваа категорија на граѓани, да стават акцент врз човекот, неговата индивидуалност и личното достоинство, а не врз неговата попреченост.

За таа цел, UNICEF MK ги повикува сите граѓани да се вклучат во кампањата #ЗаДетство #БезПречки. Се што е потребно за оваа кампања е да направите фотографија (selfie) покрај еден од билбордите кои се дадени на фотографиите подолу и и фотографијата да ја споделите на социјалните мрежи со порака што ќе ги вклучува и ознаките #БидиФер #ЗаДетство, #БезПречки. Билбордите ги има насекаде, па така изберете еден од нив што најмногу ви се допаѓа и споделете ја вашата порака денес.

За оние кои не се во можност да направат фотографија, можат да се вклучат со споделување на една од фотографиите што се користени за билбордите, заедно со ознаките #ЗаДетство #БезПречки.

 

Прегледи:
677
Објавено на:
04.12.2017