Можеби некои мислат дека тоа се случува само кога ќе посетат некое егзотично место од соништата, или ќе им се случи нешто кое силно ќе ги погоди, но тоа не е секогаш случај..
Чистење
Почнете така што ќе го исчистите вашиот дом и вашата соба. Исчистете го просторот од нешта кои не ви требаат и всушност повеќе ви сметаат, освен што тоа ќе направи физички ќе ве усреќи, ќе ви помогне и психички да се сконцентрирате на себеси и на вашиот ум. Така ќе поминете малку време со себеси во тишина, ќе им дозволите на вашите мисли да доаѓаат и одат.
Искрен разговор со себеси
Направете искрен разговор со себеси и размислувајте за нештата кои ве прават среќни, но и нештата кои ви го отежнуваат тоа во секојдневието. Не се обидувајте да потиснувате или да занемарувате ништо, „разголете се“ пред себеси и немојте да стравувате да си признаете нешта кои потајно ги чувствувате. Многу е важно да сте свесни за тоа, така ќе склучите мир со себе и ќе можете да се фокусирате подобро на вашето секојдневие.
Проширете го вашиот ум
Истражувајте нови идеи и различни уверувања. Читајте книги, посетувајте курсеви, разговарајте со луѓе кои се многу поразличниод вас. До будењето доаѓа оној миг кога вашиот дух и ум ќе се соочи со нешто нов, нешто непознато кое досега не го разбирал и не го познавал. Искусете го животот таков каков што досега не сте го знаеле.
Поминувајте време во природа
Природата е вашиот полнач, таа го лечи духот, телото и мислите. Поминувајте колку што можете повеќе време во прошетка во природа. Повремено „исклучувајте“ се од дигиталниот свет. Уживајте во мир и дозволете и на природата да ја развие својата живост и во вас.
Грижете се за себе
Здравата храба и физичката активност се одлични начини да се поврзите со себеси и со својата виша сила. Кога внатрешниот систем (физичкиот, менталниот, емоционалниот и духовниот) е затворен, ќе бидете загубени во летаргија и ќе ја блокирате можноста за развој и евентуално духовно будење. Затоа одржувајте го телото чисто, хранете се здраво и бидете физички активни.