Категории

Како да ги истакнете јаболчниците на вистински начин

Како да го постигнете ефектот на совршени јаболчници како кај топ моделите

Денес еден од најпопуларните и најпосакувани трендови кај убавината се истакнатите видливи јаболчници како оние на Анџелина Џоли. Секако, актерката има грациозни јаболчници и без шминка, но тоа не значи дека не може да се постигне со помош на вистинските мејкап алатки и продукти.

Ви споделуваме одлични совети од познатите мејкап артисти кои ќе ви откријат како да го постигнете ефектот на совршено истакнати јаболчници.

Чекор 1
Првото нешто што треба да го направите е добро да ја подготвите кожата. Пред да почнете со контурирањето, кожата мора да биде изедначена и да нема видливи флеки, акни или други неправилности. Користете лесна подлога и коректор кој се стопува со кожата.

Чекор 2
За да ја одредите вистинската линија на вашите јаболкници, потребно е со помош на молив или четка да го прицврстите за образот од аголот на усните до средината на увото. На тој начин ќе ја одредите положбата на вашата природна контура.

Чекор 3
Со благи нежни движења нанесете го руменилото. Нијансата би требало да биде потемна од тенот. Нанесете го на долниот дел на јаболкниците правејќи дијагонални потези од дното кон врвот.
Важно е добро да се изедначи и да не постојат видливи линии каде завршува бојата.

Прегледи:
565
Објавено на:
22.03.2020