Чевлите во машки стил популарно именувани како „оксфордки“ се безвременски обувки кои се неизбежен составен дел од женската гардероба кој датира уште од 19 век. Тие за прв пат се појавуваат како чевли за мажи, но набрзо добиваат огромна популарност и кај женската гардероба. Тие се обувки кои даваат класичен, софистициран и елегантен изглед. Можат да се комбинираат со поголемиот дел од вашата гардероба бидејќи изгледаат ненаметливо. Во галеријата ви подготвивме неколку совршени комбинации кои ќе ви помогнат како да ги комбинирате засекогаш омилените оксфордки.