Многу од децата кога ќе пораснат сакаат да бидат како нивните родители, но не сите родители се идоли на нивните деца. Некои од децата воочуваат многу работи коишто им ги правеле родителите за коишто си ветуваат дека тие нема да им ги прават истите на нивните деца. Ви споделуваме неколку работи со коишто нема да ги повредите, ќе ги поддржите и ќе ги изведете на вистинскиот пат Вашите душички.
1. Не им покажувајте слики од проблеми со телото, покажете им начини како да имаат здраво тело и ментално здравје.
2. Не им дозволувајте да се тепаат со нивните браќа и сестри како и со Вашиот партнер.
3. Не ги удирајте, шлаканиците не решаваат ништо. Наместо тоа, прашајте ги што не е во ред, сослушајте ги и донесете заедничко решение.
4. Не обидувајте се да го направите Вашето дете верзија од Вас. Доколку Вие сте оделе на часови по балет, не значи дека треба да го форсирате и него. Дозволете му на Вашето дете да си избере хоби по своја волја.
5. Никогаш не им кажувајте на Вашите деца дека тие Ви го загрозуваат животот и дека се каете што ги имате. Не е нивна вина што дошле на овој свет!