Категории

Како да го освоите и да направите да биде ваш засекогаш?

Можеби размислувате во правец – зошто да поминувам низ сите тие маки на освојувањето, кога всушност е само важно дали му се допаѓам или не. Но како што и сами знаете, ако не превземете акција, многу тешко дека ќе дојде до реакција.
Всушност во тоа е и убавината на животот, во потрага по нешто кое ни се допаѓа, во освојување и во одржување пламенот на раѓањето на љубовта.

Ако мажот не покаже веднаш дека го интересирате, тоа не мора да значи дека е вистински така. Можеби едноставно му е потребно малку повеќе време за да биде сигурен дали вие сте вистинската личност за него. Од друга страна, можеби сака да се увери дали и вие размислувате за него на ист начин. Исто така, многу е веројатно дека претрпел болно раскинување и се плаши да скокне во нова врска. Било како и да е, ако сакате да го освоите и да направите да биде ваш засекогаш, следете ги следните правила:

ПОСТАВУВАЈТЕ МУ ПРАШАЊА
Никој не сака личности кои постојано зборуваат за себеси. Особено не женски личности кои водат бесцелни монолози. Со цел да го запознаете подобро, поставувајте му прашања. Пружете му можност да ве импресионира со некои информации за себеси. Прашањата можат да бидат во врска со неговата работа, спортот со кој се занимва или хобијата.

ПОКАЖЕТЕ МУ ДЕКА ВИ Е МЕСТОТО ЕДЕН ПОКРАЈ ДРУГ
Кога сте добиле доволно информации околу тоа што тој сака, со што се занимава и што го интересира, обидете се да направите паралела и да ги поврзите нештата со вашите интереси. Ако излезе дека вашите мислења се поклопуваат во многу нешта, и дека ве поврзуваат исти случувања, дека имате исти планови за иднината, направете да го забележи тоа.

НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ
Најчестата грешка која ја прават жените е таа што се обидуваат на некој начин да го променат мажот кој им се допаѓа. Некои ситни навики кои донесуваат несогласувања во врската можат да променат, но начинот на размислување и потполна промена на карактерот не треба да се зема во обзир. Тоа е безуспешно обидување да го промените неговото однесување а ќе ве доведе до фрустрации и лутина, разочарување и неизбежно раскинување.

ПОКАЖЕТЕ МУ ДЕКА Е СОСЕМА ВО РЕД ДА БИДЕ РАНЛИВ
Најважното нешто кое една женска личност може да го направи за својот иден партнер е да му покаже дека во нејзино друштво може да се чувствува безбедно. Значи, важно е мажот да сфати дека пред вас не треба да ја носи својата мачо-маска, и дека е сосема во ред да биде ранлив и чувствителен.

Прегледи:
661
Објавено на:
20.10.2020